| четврток, 6 декември 2018 |

Германија и се закани на Хрватска- ако ја блокирате Србија ќе останете без пари

ginter kirbaumГерманската влада одлучи да испрати јавна порака до Хрватска да се откаже од блокирањето на Србија за поглавјето 23 вопреговорите меѓу Србија и ЕУ. Пораката е испратена во форма на предупредување дека Загреб, во случај на блокада, би можел да остане без потребните средства од европските фондови.

-На Хрватска и треба ЕУ, како и партнерите од ЕУ, таа има цели кои сака да ги оствари . Во спротивно, Хрватска бргу ќе увиди дека ниту на нејзините идеи и проекти нема да се излегува во пресрет. Бидејќи во Унијата вреди правилото да се зема и да се дава. На пример за тоа како Хрватска попушта, пред самото соединување донесен е ткн, лекс Перковиќ, од кој Загреб бргу се откажа- посочи за Дојче веле Гинтер Крихбаум, претседател на Одборот за односи со ЕУ во Бундестагот и висок претставник на ЦДУ.

Неговата изјава не изненадува бидејќи неодамна предупреди дека процесот на евроинтеграциите не е алатка за решавање на билатерални спорови и дека Германија ја поддржува Европската комисија во намерата Србија бргу да ги отвори поглавјата 23 и 24.

-Немам разбирање за хрватска бидејќи се работи за билатерални теми за мкои очекуваме да се решат во предвидени модули и судови, за тоа имаме меѓународни судови. Потсетувам дека Хрватска беше во слична ситуација во однос на Словенија кога беше спорна границата во Пиранскиот залив. И тогаш влијаевме на Словенија да се откаже од својата блокада- додаде германскиот политичар.

-Таму треба да се сетат како ним им се помогна кога беа во слична ситуација и како Хрватска вети дека нема да создава такви блокади. А тоа сепак го направи- додаде тој.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top