Во 2006 година кога дојдовме на власт во Македонска Каменица работеа околу 800 луѓе, а заклучно со 2016 година вработеноста во Каменица изнесувала 1.800 вработени и ова е зголемување на вработеноста за 120 проценти, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната средба со граѓаните во Македонска Каменица.
-Вака се работи, а не да се продава ветер и магла и живот, треба да се обезбеди работа, квалитетен живот плата како и услови за живеење и развој за семејството. По победата на овие избори за учениците од прво до петто одделение ќе се обезбеди бесплатен здрав оброк кој ќе го финансира општината, а на тој начин родителите ќе добијат растеретување на нивните буџети. Општината и градоначалникот Дарко Митевски ќе обезбедат можности за стекнување на граѓаните со сопствен дом за оние кои што го немаат по симболична цена за само едно евро за квадрат, а ќе се укинуваат и трошоците и комуналиите за градење на куќи. Освен тоа ќе се отпишуваат и долговите за социјално ранливите категории заклучно со септември 2017. Нудиме концепт во кој ќе нема неосветлена и неасфалтирана улица и каде ќе има парк во секое маало, а ќе се изградат нови и ќе се реконструираат постоечките улици, потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски