| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка со безбол палки во Гостивар

baseball-bat-zombie-weaponКавгата меѓу две семејства во Гостивар кулминирала со масовна тепачка заради што морала да интервенира и полицијата. Приведени се шестмина, чертворица се повикани на разговор, а се бараат уште неколкумина.

Полицијата проверува дали меѓу тепачите имало и- полицајци. Тепачката е пријавена во 14 часот, а полицијата затекнала десетмина на улицата „Балиндолска“, каде се најдени и безбол палки. Едно лице побарало и медицинска помош заради болка во главата, додека другите немале потешки повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top