| четврток, 6 декември 2018 |

Нејзиното величество стипса-кралицата Елизабета само во црква не оди со празен паричник

Богатството  на британската кралица се проценува на околу 500 милиони долари. Интересно е покрај  се дека кралицата не носи пари, освен еден ден во неделата. Имено таа носи пари само во недела, кога иде во црква и донира пари, открил писателот на кралската биографија.

Таа остава пари на тацната на која се собираат пари и тоа точно пет фунти, уредно сложени и преклопени во облик на правоаголник. Кога е посебно расположена великодушно остава 10 фунти.

Наместо пари, кралицата со себе секогаш носи наочари за читање, пепереминт бомбони и налив перо, открива историчарот на кралското семејство.

 

Единствено на неа не и е потребен пасош кога патува во странство. Сите останати од кралското семејство имаат пасоши. Не и треба ниту возачка.

Интересно е дека за кралицата не постои ограничување на брзината. Таа може да вози брзо колку што сака и нема да биде казнета. Освен тоа кралицата нема полагано возачки испит ниту поседува возачка дозвола, иако сите возачки дозволи за британските граѓани се издаваат во нејзино име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top