| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија ќе гради мега град од 500 милијарди долари: Со мост меѓу Африка и Азија ќе го враќаат „умерениот Ислам“

Саудиска Арабија ги објави своите планови за изградба на мега град во кој државата ќе вложи 500 милијарди долари, проект кој ќе биде под покровителство на принцот Мохамед бин Салман, а е во склоп на реформите во земјата за враќање на „умерениот Ислам“. Принцот вчера ги објавил деталите за проектот меѓу кои соопштил дека градот ќе се вика Неом и ќе биде сместен на крајбрежјето на Црвеното море.

– Во Неом ќе направиме нешто ново. Во моментов активираме донатори од целиот свет, истакнал Салман на инвестициската конференција која се одржала во Ријад.

Градот ќе се простира на површина од 26 000 квадратни километри, а во него Саудијците планираат да изградат и величествен мост помеѓу Египет и Саудиска Арабија кој ќе ги поврзе Азија и Африка.

За извршен директор на прокетот е назначен Клаус-Кристијан Клинфилд, кој од 2005 до 2007 бил прв човек на компанијата Сименс во Германија.

– Тоа се цели 26 000 километри квадратни. Ако кажеме дека е град, тоа всушност не е точно. Ќе биде еден склоп од повеќе градови и села, објаснил Клинфил на конференцијата.

Најавувајќи ги амбициозните планови, принцот Салман истакнал дека градот Неом ќе биде само дел од реформите со кои ќе се модернизира земјата.

– Ситуацијата тука не е како во минатото. Ние се враќаме на „умерениот Ислам“ кој е отворен за целиот свет и за сите религии, истакнал тој на инвестицискиата конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top