| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Џорџ Јанг, авторот на хитот „Love is in the air“ (видео)

Австралискиот музичар, ментор на групата AC/DC и автор на хитот „Love is in the air“ почина на 70-годишна возраст, објави австралиската мрежа „Rundfunk ABC“.

„Со бол во срцето ве известуваме дека почина нашиот сакан брат и ментор Џорџ Јанг“, напиша хард рок бендот на својата страница.„Без неговата помош и водство никогаш не би постоеле AC/DC“.

Причината за смртта не е објавена, по желба на семејството.

Јанг беше брат на основачите на AC/DC Ангус и Малком Јанг. Тој се прослави во 60-те години како лен на рок составот „The Easybeats iz Sydney“.

Неговото најпознато дело е „Love is in the air“, светски хит од 1977 година, како и „ Friday on my Mind“ кој го направи заедно со својот долгогодишен соработник Хари Вандa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top