Балетскиот триптих во кој првите две претстави „Агонија на срцето“ и „Софа“ се во кореографија на светски познатиот кореограф Ицик Галили од Израел, а третата е обнова на претставата „Песна над песните“ и е во кореографија на Сташа Зуровац од Хрватска, вечерва репризно ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет.
Во „Агонија на срцето“ и „Софа“ музиката е на Том Вејтс и Филип Глас, а во „Песна над песните“ музиката е на Марјан Нечак.
Уметничкиот раководител на Балетот, Олга Панго, вчера на прес-конференција рече дека ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на МОБ.
– Го нарековме Балетски триптих, бидејќи трите претстави не се во релација една со друга, туку станува збор за модерен и современ балет и може да се најде некаква меѓусебена нитка, истакна Панго.
Во претставите настапуваат Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Мирјана Поп Алексова, Саша Евтимова. Ендру Кук, Симоне Џиролети, Андреј Литвиненко, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.