Зорица Марјановиќ одбила да сведочи во постапката која се води против нејзиниот син Зоран, поради убиството на сопругата Јелена, но самото нејзино појавување предизвикало вистински метеж во обвинителството.
После сослушувањето, синот на Зоран од првиот брак Урош, кој исто е повикан да сведочи, истрчал на улица и избегал од бабата, но уште поголема збрка поради Зорица настанала меѓу обвинителите.
-Меѓу нив почна да се зборува дека Зорица бае против сите кои се замериле на нејзиното семејство. Поради тоа го избегнувале секој контакт со неа. Тоа отишло толку далеку што еден колега кој е во постапката, чија сопруга ја закачил вирус, го прашале дали е вистина дека жена му се разболела заради Зорица-раскажал извор на српски Телеграф.
Меѓутоа не само обвинителите бегале од Зорица. Од некоја причина тоа го сторил и нејзиниот внук Урош.
-Иако дојдоа заедно, во еден момент почнаа да се караат, па Урош и избега на баба му преку споредниот влез. Нешто подоцна од зградата на обвинителството цела изгубена излегла и Зорица. Повторуваше:Каде е Урош, каде е Урош. Беше видно вознемирена. Такси и повика еден од адвокатите, кој и ја смести во возилото-рекол изворот.
Наводно Зорица и Урош се скарале бидејќи Владимир, кој требало да дојде по нив, доцнел, а дали е тоа вистинската причина, знаат само тие.
Инаку синот и мајката на Зоран се повикувале на правото да не сведочат, како што тоа претходно го искористија татко му Владимир и брат му Милош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.