Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 41 сообраќајна незгода, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица. Во останатите 17 со полесни повреди се здобиле 28 лица, а 21 сообраќајка поминале само со материјална штета.
Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во пет полесно биле повредени осум лица, а шест поминале само со материјална штета. Во саботата извршен бил увид во 10 сообраќајни незгоди. Во две од нив со тешки телесни повреди се здобиле две лица и две лица се здобиле со полесни телесни повреди. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во четири била причинета материјална штета.
Во недела бил извршен увид на 10 сообраќајки. Во една од нив, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а со телесни две лица, во три со полесни повреди се здобиле три лица, а шест биле со причинета материјална штета. Вчера во Скопје бил извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот