Ако мислеа дека со фабрикувани избори и организиран изборен инжињеринг ќе не поразат, ќе не срозат, и ќе го поразат духот на македонците, им порачувам дека притаснале на копче кое само не активира да нашиот организам почне да работи со 120 осто капацитет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба.
– Солзите на детето и жената кои го гледаат таткото и мажот како е тепан од разулавена толпа на глутница квазијунаци не ви ги забораваме. Скршените черепи ќе заздрават, но нема да се заборават. Запалените возила и запалените куќи нема да ги избиршат нашите спомени и нашиот непокор. Одземените покачувања на пензиите ќе ви се паметат. Заканата за укинивање на субвенциите за земјоделецот кој нема да има повисок принос од претходната година, се ваш пораз. Намалената просечна плата, намалениот извоз, индустриско произвоство, девизни резерви, и севкупно економија, денес го загрижуваат и притискаат народот, но за некое време ќе нагазат на вашите плеќи, нема да се заборави. Лагите кои им ги пласиравте на младите ќе ви се вратат како бумеранг. Сликата како го спуштате македонското знаме, го кинете и поганите вечно ќе е во нашите глави. Вашите пораки за Куманово да се деси сладострастието во кое уживавте додека херои се збогуваа со најголемиот дар од Бога – животот, вечно ќе звонат во нашите уши. Нема да ви заборавиме што Делчев и Даме, Карев и Алексанров и Ченто и Кузман, ги правите дека не се бореле за Македонија. Тивкиот плач на таткото кој е скршен затоа што ослободувате убијци на деца ќе пишти во нашата душа!, рече Груевски.
– Тие пискотници, крикови, мрачни слики, ќе сведочат за едно мракобесие, и ќе бидат најдобар медиум кој ќе придонесе ова што го прават да не се заборави, и за некое време да се исправи неправдата! Кога неправдата е на сила, единствен одговор е непокорот. И стремежот правдата да се врати! А правдата ќе се врати, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето денешно обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер