| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца работници повредени на автопат во изградба, еден со тешки повреди пренесен на Ургентен

На 22.10.2017 година околу 12:30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“,  работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.

Тие  биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош.

Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top