Во Македонија под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и поројни, проследени и со грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 17 степени.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.
Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.