
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ веќе не ја крие својата љубов.Таа деновиве официјално се појави во јавност со својата партнерка Милица Ѓуриќ и тоа на отварање на Музејот на современа уметност.
Откако во јавноста беше обелоденето дека премиерката веќе осум години е во врска со Милица, која е докторка во Клиничкиот центар на Србија, заљубениот пар реши веќе да не ја крие својата љубов од очите на јавноста. Брнабиќ затоа на свеченоста за отварање на музејот, на сите гордо им ја претстави својата девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


