| четврток, 6 декември 2018 |

Најнова прогноза: Балканот го очекува топла зима со недостаток на снег и дожд

Додека Северна Европа има влажна зима, Балканот го чека нешто сосема поинакво од досега изложеното. Сите сакаат да знаат какво време ќе не очекува зимава што следува, а квалитетна прогноза вчера се појави на специјализираниот сајт „AccuWeather“.

Ако е точно тоа што го пишуваат, а познати се како релевантен извор на информации, Балканот го очекува топла зима со недостаток на снег и дожд.

Како што е наведено во прогнозата, зимата остро ќе започне  на северна и западна Европа, со чести бури кои ќе донесат ветер и дожд. Додека на Балканот главна карактеристика за оваа зима ќе биде – сушата.

-Тоа не значи дека во овие подрачја нема да има дожд за време на зимските денови, но нема да биде доволно, што додатно ќе ја влоши сушата која е во тек – изјавил метеорологот Алан Реперт.

Во многу од тие подрачја сушата ќе биде уште полоша на крајот од зимата, што може да донесе сериозни последици врз земјоделството следната година, а и да го зголеми ризикот од пожари летото и есента, ако дождовите на пролет повторно бидат под нивото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top