– Лезбејки, гејови, трансексуални, интерсексуални, бисексуални особи, рамо до рамо, со нашите стрејт родители, баби и дедовци, пријатели и пријателки – ќе маршираме во име на семејството – порачаа организаторите на „Загреб прајд“.
Под слоганот „Ова е земја за сите нас“, активистите на ЛГБТ денес по 12-ти пат ја организираат „Парадата на гордоста“ во Загреб.
Поворката започнува во 14 часот од Плоштадот на жртвите на фашизмот и се најавува дека ќе биде најголемиот марш за правата на хомосексуалците некогаш одржан на Балканот.
Оваа година, посебенен тон на парадата се дава на референдумското прашање “Дали сте согласни во Уставот да се внесе одредбата дека бракот е доживотна заедница помеѓу маж и жена?”, против кое иницијативата на граѓанине од “Во име на семејството“ со петиција собраа над 730.000 потписи, кои вчера беа доставени во Парламентот.
„Загреб прајд“ минатата година помина без инциденти и со неколку познати јавни и политички личности кои дојдоа да ја поддржат парадата. Како и претходната година, и лани беа избрани хомофренд и хомофоб на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.