| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Ќе ги наредам да се објават документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе нареди отворање на доверливото досие за убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во Далас во 1963 година.

– Поради приемот на дополнителни информации, ќе дозволам, како претседател, да се отвори одамна блокираното и доверливо досие за ЏФК, Трамп напиша на својот твитер профил.

Се работи за илјадници документи кои се чуваат во американската Национална архива. Со специјален закон донесен на 26 октомври 1992 година, беше предвидено овие документи да бидат претставени пред јавноста по 25 години, односно до 26 октомври 2017 година.

Поголем број медиуми во САД навестуваа дека претседателот Трамп сепак ќе реши да го продолжи рокот во кој овие документи ќе останат тајни, со цел да се заштитат одредени разузнавачки програми кои може се уште да се во тек. Но, по денешната најава може да се очекува документите за убиството на Кенеди да станат достапни следниот четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top