Како што веќе најавија метеоролозите, од денес времето ќе биде претежно сончево со локална облачност, но веќе и многу потопло.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 33 степени.
И во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со малалокална облачност и минимална температура до 15, а максимална до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.