Зилке Маер-Вит, некогашна членка на терористичката организација „Фракција на Црвената армија“ (РАФ), која изврши серија напади и убиства во Германија меѓу 1973 и 1995 година, денес живее и работи во Скопје, објави телевизија Алфа.
Таа одамна не е дел од политиката или од криминални активности, туку се занимава со наука. Некогаш најбараната германска терористика сега се занимава со уште една тешка задача, да ја открие вистинската историја на балканот.
Алфа објави и дека 67-годишната членка на раководството на терористичката група позната и како „Бадер-Мајнхоф“ за својот живот во Mакедонија говорела пред повеќе од сто посетители на дебатата во Музејот на Германска Демократска Република во Берлин. Сеуште интимно не може да се помири со капитализмот и империјализмот против кои се борела пред неколку децении.
Маер-Вит во 1977 година била вмешана во киднапирањето и ликвидацијата на германскиот индустријалец Ханс Мартин Шлеер, кога биле убиени и неговиот возач, како и тројца полицајци што го заштитувале. По атентатот таа пребегала во тогашна Демократска Република Германија, но во 1990 година била откриена и следната година осудена на десет години затвор, за во 1995 година да биде ослободена предвреме. Сега живее во Скопје и пишува книга за балканската историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.