Дали кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски е жител на Бутел? Мавтајки со пасошот во рака, тој тврди дека токму неговиот пасош и лична карта се доказ дека е жител на оваа општина. Но исто така и дека зимно време живее во една општина, летно време во друга а викендува во трета општина, анализира ТВ Алфа.
– Претпоставував дека е ова најголемиот адут што секогаш го имаат, затоа јас можам да потврдам со мојот пасош и лична карта дека сум јас се уште жител на општина Бутел, вели Велимир Смилевски
Сето ова опозицијата го коментира како потценување на граѓаните. Тие тврдат дека Смилевски веќе 10 години не живее во Бутел и ги лаже граѓаните. Сепак адресата на живеење не значи и дека живеел во Бутел. Коментираат дека ова е груба лага за луѓето од Бутел 2, каде што би требало Смилевски да живее, каде што се водела неговата адреса и дека токму граѓаните најдобро ќе проценат и соодветно ќе го казнат. Токму Костовски тврди дека куќата на Велимир Смилевски е продадена во Бутел, а тој само останал таму со адреса
– Рокомија 52 Скопје. Според катастарскиот лист до кој дојдовме сопственик на таа куќа е лицето Муминовиќ Расим. Куќата му припаѓа од 16 септември 2009 година, објави ТВ Алфа.
И дел од жителите на општина Бутел велат дека досега не им било познато дека Смилевски живее во Бутел туку дека живее во скопски Аеродром, а со тоа не знаеле како би се соочувал со нивните проблеми и проблемите на општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.