Непосредно по завршувањето на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Реал Сосиедад, на скопски Битпазар се случил инцидент во кој биле каменувани два автобуси во кои се превезувале симпатизери на црвено-црните, објави Пресс 24.
Имено, двата приватни автобуси биле каменувани, бидејќи во него се возеле млади лица означени со обележја на ФК Вардар. Патниците во автобусот почнале да ги бркаат напаѓачите и за среќа веднаш реагирала полицијата, која набрзо ја ставила под контрола комплетната ситуација.
На местото бргу стигнале припадници на специјалните единици, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата е ставена под контрола..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.