Со концерт на триото на австрискиот пијанист Давид Хелбок, добитник на наградата за исклучителен уметник на Австрија, вечерва во Македонската опера и балет почнува 36.Скопски џез-фестивал.
Организаторот го најави Хелбок како припадник на генерацијата џез-музичари кои функционираат по сопствени индивидуални насоки, поместувајќи ги границите радикално, повторно структуирајќи го нашето разбирање за тоа што е стара, а што нова музика. Сегашното трио на Хелбок минатата година го објави албумот „Into the Mystic” за престижната музичка куќа ACT.
Во изминатите седумнаесет години оркестарот имал голем број возбудливи проекти со норвешки и други џез-музичари, како Чик Корија, Пет Метини, Џошуа Редман, Ерленд Скомсвол, Ејрик Хегдал, Софија Јернберг, Џени Хвал и Стијан Вестерхус. Музичарите вклучени во оркестарот се меѓу најпознатите џез-имиња од Норвешка, а Оле Мортен Ваган е еден од најбараните норвешки басисти и композитори.
Триесет и шестиот Скопски џез-фестивал ќе продолжи во наредните три дена и до затворањето во недела ќе донесе изведувачи од Европа, САД и од Африка. Ексклузивно е утрешното гостување на Ди Александер од Чикаго, една од најдобрите џез-пејачки во светот, која во Европа доаѓа само за овој концерт. Покрај нејзиниот, утре во МОБ ќе биде и концертот на Интерзоне на Марио Ром од Австрија.
Саботната е американска вечер и ќе има концерти на две значајни имиња од САД – Марк Рибо со проектот „Јанг Филаделфијанс“ и Стив Колмен со легендарните Фајв елементс.
На последната вечер в недела ќе гостува уште еден ансамбл од Норвешка – Пал Нилсен-Лав Ларџ Јунит кој ќе го затвори годинашниот фестивал, откако претходно во истата вечер во МОБ ќе настапи еден од најдобрите светски џез-пијанисти, Крег Тејборн, со својот квартет. На 22 октомври од 17 часот во кино „Фросина“ соло-настап ќе има Роберто Отавиано, познато име на италијанскиот џез.
Скопскиот џез-фестивал годинава ќе има и два полноќни концерта – на 20 октомври ќе гостуваат афро-бит легендите Орландо Џулиус и Хелиоцентрикс, а на 21 октомври – Британецот Ентони Џозеф со својата група. Полноќните концерти се во Дансинг салата на Младинскиот културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.