Струјата од јули ќе има нова цена, но не се знае дали повисока или пониска. Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров, трите компании за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија ги доставиле трошоците за работа и нивните барања, а регулаторите во следните две недели ќе ги разгледуваат, по што ќе се знае дали ќе има и каква би била промената на цената на електричната енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.