| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба по повод 100 години од раѓањето на ликовниот уметник Борко Лазески

На 22 октомври се навршуваат 100 години од раѓањето на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески, еден од темелниците на нашата ликовна култура. По повод овој значајен јубилеј на 24 октомври во 19 часот, во ателјето на авторот, на „Отон Жупанчич“ 15, ќе бидат изложени негови дела од колекцијата на семејството.

Неговата ликовна дејност се одвивала како на нашите простори така и надвор од неја . Како стипендист на француската влада по војната заминува за Париз каде што во ателјето на Андре Лот создава значајен циклус на дела. Во периодот од 1960 до 1967 е професор на ликовната академија во Багдад од каде произлегува обемен опус на слики поврзани со животот во таа земја. Покрај фреските и муралите во нашата земја Лазески ја имаше ретката можност да биде поканет да изработи два мурали во Мексико сити, центарот на светскиот мурализам. Тој е автор на големата фреска (225м) во старата железничка станица, покасно обновена во неговиот роден град Прилеп.

Лазески целиот живот несебично го пренесуваше своето знаење како педагог на своите студенти од што произлезе неговиот учебник „Ликовна култура“, со која се образуваат генерации на ликовни уметници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top