| четврток, 6 декември 2018 |

Се закануваше дека ќе ми ги отсече прстите, мислеше дека Лена не е негова-Гоца Тржан изнесе шокантни тврдења на сметка на поранешниот маж

Препукувањето на поранешните сопружници продолжува откако Иван Маринковиќ во неколку наврати ја испрозва Гоца Тржан во „Парови“, пејачката реши да открие шокантни детали од нивниот брак.

Гоца Тржан тврди дека Маринковиќ во обложувалница потрошил 20.000 евра кои таа ги добила за учеството во Савајвер и дека ја оставил со 1.500 динари во џеб. Пејачката тврди дека Иван во пораките и се заканувал со насилство.

-Ги чувам сите негови пораки од моментот кога му реков дека не сакам да живеам со него. Имам два гигабајти од тоа. Полицијата е запознаена со тој материјал-рекла Гоца која на прашањето што се наоѓа во тие пораки рекла:

– Искрено, дно на дното ми е и ова што го раскажав. Имаше се!Од тоа дека ќе ми ги сече прстите, до тоа дека сум лесна женска која истовремено била со пет мажи. Најјадно и најболно беше кога напиша дека Лена не е негова ќерка.

На констатацијата дека Маринковиќ зборувал дека Гоца е сексуално девијантна, Тржан возвратила со зборовите:Слушнав дека тоа го зборувал. Срам да му е. Олош!

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top