| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот БДП со раст од 2,9%; мотор е градежништвото со 36,8%

gradeznistvo (Small)Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје во Македонија има раст од 2,9 отсто, во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика според првичните податоци. Податоците на Заводот бележат пораст во повеќето сектори, но како наведуваат растот најмногу се должи на секторот градежништво, чии активности се зголемиле за 36,8 отсто.

Ова е охрабрувачки знак дека македонската економија има добар правец и има добри шанси да ја заврши годинава според предвиденото, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– И претходно истакнувавме дека има податоци, како што се порастот на индустриското производство, инвестициите и градежништвото, коишто укажуваа на тоа дека првиот квартал ќе биде добар и навистина се потврди дека имаме добар резултат посебно што во Европа во истиот период беше остварен негативен економски раст – истакна вицепремиерот Ставрески. stavrevski1

Македонската економија во првиот квартал расте речиси со три проценти во услови кога во земјите во Европа има рецесија.

– Да се надеваме дека во втората половина од годината и Европа ќе се стабилизира, што ќе ни овозможи да оствариме добар економски резултат оваа година и да настојуваме следните години стапката да биде уште повисока – додава Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top