| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорната влада на СДСМ денес ја задолжи Македонија за нови 40 милиони евра

Неодговорната и неграѓанска влада на СДС денес ја задолжи Република Македонија за нови 40 милиони евра, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС безмилосно ја задолжува државата и идните генерации, без постоење на реален основ и без да каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаме ние и нашите деца.

-Владата на СДС до сега ја задолжи државата за 320 милиони евра, со денешните 40, бројката се искачува на над 360 милиони евра за само 4 ипол месеци. Ова не им беше доволно на СДС, па од државните девизни резерви без посебно објаснување испумпаа 180 милиони евра, тоа се над 540 милиони евра кои СДС ги потроши без да направи некоја капитална инвестиција, без да им каже на граѓаните каде ги потроши парите за кои сите ние плаќаме камати. Неодговорноста на СДС нема граници, со над половина милијарда долг за само 4 ипол месеци, владата на СДС е владата која најмногу ја има задолжено Република Македонија. Доколку владата продолжи во оваа темпо за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од  1 ипол милијарда евра, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата треба веднаш да запре со неоснованото задолжување. Владата мора веднаш да им одговори на граѓаните на што и како потроши над половина милијарда евра за само 4 ипол месеци.

-Граѓаните и идните генерации не се должни да го плаќаат луксузниот живот на врхушката на власта. Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина, нагласуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top