| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојништво во Бутел: Со фантомка и пиштол ограбил обложувалница

Синоќа во 20 часот и 15 минути разбојник ограбил обложувалница на „Златна Копачка“ на улицата „Тале Христов“ во скопската општина Бутел.

-Од страна на непознато машко лице, маскирано со фантомка на главата, со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработената, при што и се одземени засега неутврдена сума на пари. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот, известуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top