| четврток, 6 декември 2018 |

БЕСА: Регистрирани обиди за нарушување на изборниот процес, купување гласови и закани до набљудувачи

Имаше обиди за нарушување на изборниот процес, за купување гласови, неправилности во неколку избирачки места и обид за правање инцидент од политичка партија која знае дека ќе изгуби на изборите, но реакцијата на органите на редот досега докажува дека нема да биде оштетен изборниот процес, истакна на денешната прес-конференција Фатон Фазлиу, портпарол на Централниот изборен штаб на Движење БЕСА.

Тој посочи случај на затворањето на две гласачки места во Гостивар, заканувањето на неколку нивни набљудувачи и обид за купување гласови во општина Сарај, неправилности во неколку избирачки места во општина Бутел, како и на, како што потенцира, обид за правење инциденти во општина Чаир.

Имаме, рече Фазлиу, и точни информации за разни криминални обиди од група и банда на една партија, што е позната по овој начин на постапување, но, овој пат, потенцира, се судрија со отпорноста на народот кој позитивно им одговари со излегување на гласање.

– Ова е денот кога народот ја зема судбината во своите раце, денешната одлука ја означува нивната судбина не само за четири години, туку за подолго. Секој кој седи дома и не излегува да гласа треба да знае дека е бесчуствителен кон својата иднина и кон своите деца. Сепак, им се заблагодаруваме на сите оние кои ја извршија оваа граѓанска одговорност, рече портпаролот на Движење БЕСА Фазлиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top