| четврток, 6 декември 2018 |

Позитивна енергија во комисијата за настаните од 24 декември

Членовите на комисијата и претседателот Ѓорге Иванов се договориле за нова средба утре во Клубот на пратеници. На неа ќе се утврдува деловникот за работа на комисијата. Претседателот на комисијата е оптимист дека партиите може да ги надминат недоразбирањата и наскоро да има резултати.
– Кај политичките партии има волја за да се расчистат случувањата од 24 демември лани –  истакна професорот Борче Давитковски, декан на Правниот факултет и претседател на ад-хок комисијата за расчистување на случувањата пред и во Собранието на 24 декември лани по завршувањето на конститутивната средба на Комисијата.
На средбата во резиденцијата на претседателот Иванов присуствуваа претседателот на Комисијата, членовите предложени од СДСМ, универзитетските професор, Љубомир Фрчкоски и Рената Дескоска, како и пратениците од ВМРО-ДМПНЕ, Илија Димовски и Благородна Дулиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top