| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите на албански јавуваат за низа инциденти во албанските средини

Полнење на кутии, вперување на оружје во главата на гласачи, тепачки на избирачките места, закани до набљудувачите, фотографирање на избирачки ливчиња и агитирање пред избирачките места – ова се само дел од изборните инциденти за кои јавуваат медиумите на албански јазик.

ТВ Коха известува дека во тетовските висорамнини се полнат гласачките кутии.

Според информациите што ги добивме во нашата редакција, во тетовските висорамнини, некои партиски активисти почнаа да ги полнат гласачките кутии. Дури и се фотографираат избирачките списоци за тоа кои лица не излегоа на гласање, за потоа истите да бидат поканети од партиските штабови за да гласаат. За повеќе детали, ќе ве информираме во продолжение. – јави телевизијата.

Новинската агенција на албански јазик ИНА пак, јавува за тепачка во истиот регион.

-Физичка пресметка на едно избирачко место во Седларце Физичка пресметка се случила денес на едно избирачко место во Седларце во општина Боговиње. Тепачката се случила на избирачкото место бр. 2052 во Седларце, каде што е нападнат член на изборната комисија на ова избирачко место. Според сведоците, во изјава за Тетова Сот велат дека напаѓачот е симпаттизер на една од политичките партии. По краток прекин продолжи избирачкоит процес. – пишува ИНА.

Газета Лајм известува за случај во кој еден партиски акгивист му вперил пиштол во главата на друг партиски активист на избирачко место во Арачиново.

-Инцидентот се случил околу 10 часот претпладне, но за среќа бил надминат без некој голем проблем. Случајот е пријавен во полиција, во ДИК, а информирана е и мисијата на ОБСЕ-ОДИХР. Други неправилности до сега не се забележани во оваа општина, каде што излезеноста до 13 часот беше 20%. – пишува Газета Лајм.

Албанските медиуми јавуваат и за случај во Скопје. Каде што една од албанските политички партии на својот фејсбук профил објавила фотографија од гласачко ливче на кое се гледа за кој кандидат за градоначалник на град Скопје, гласал нивни активист. За ова, медиумите објавија и фотографија.

Портпаролот на една од албанските политички партии реагираше за притисоците и нерегуларностите кои се случуваат на терен.

-Иако досега беа бележани различни инциденти природи, како што е случајот со затворањето на две гласачки места во Гостивар, закани на нашите набљудувачи и обиди да се купат гласови во општина Сарај, неправилности во некои избирачки места во општина Бутел, обиди за создавање на инциденти во општина Чаир, сепак, реакцијата на органите на прогонот барем досега дава слика дека нема да се дозволи наштетување на овој изборен процес – рече портпаролот на албанската партија.

Тој додаде дека тие имаат точни информации за различни криминални обиди, кои се обидуваат да се ги направат групи и банди на една партија, која е позната по овој начин на работа, но како што рече, овој пат тие се соочуваат со отпор од населението, што позитивно одговара на изборите.

Албанските медиуми јавуваат и за инциденти во Сарај. Каде што во 15:10 полицијата застанлаа едно лице во дворот на школото”Емин Дураку”. После кратка контрола, полицијата го зела возилото, а лицето беше однесено во полициската станица .
Од министерството за внатрешни сеуште немаат официјална верзија за тоа зошто било апсено лицето, но според информации од жителит , во возилото на лицето е најдено оружје без дозвола

Прекинато е гласањето во две избирачки места во Гостивар поради изборниот феномен “Бугарски воз”. Така се обиделе да дејствуваат некои активисти на одредена партија.
“Бугарски воз” е метод за купување гласови со издавање на гласачки ливчиња, давајќи им на луѓето кои го купуваат гласот, а потоа ги ставаат пополнети во кутиите, додека редовните гласачки ливчиња се даваат на лицето кое го купува гласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top