Пејачката Гоца Тржан дури после 12 години собра храброст прв пат да раскаже како преживела физичко и психичко насилство од своето некогашно момче.
-Нашата врска траеше пет години, а веќе првата почна малтретирањето. Знам, многумина ќе прашаат зошто сето тоа го трпев. Не смеев да пријавам, посебно не во земја Србија, а притоа да си Гоца Тржан. Сакав да го променам бидејќи го сакав. Не сакав тој да биде насилник и затоа останав со него. Тоа беше најлошиот момент. За мене сите мислеа дека сум јака, но не беше така.Додека ме тепаше, мислев дека ме сака. Всушност мислев дека ќе ме засака, ако го променам. Но потоа сфатив дека ниту една жена не може да смени маж-рекла Гоца.
И покрај се, таа не го пријавила злоставувачот.
-Тоа е болно, бев ненормална. Се прашував како можев да поминампреку првото давење, па заминав, па се вратив и тоа се повторуваше. Научив никогаш повеќе тоа да не си го дозволам себе си и дека тоа не е љубов-рекла Гоца
Таа нагласила дека не се работи за нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој ја расплака Гоца Тржан? (видео)
-
Гоца Тржан неутешна: Како да се збогувам со некој што не можам да го пуштам?
-
Не можела да остане трудна по природен пат: Гоца отишла на вештачко оплодување, но и тоа не успеа
-
Гоца Тржан со бизарна новогодишна честитка: 2017 ја испраќам со удрен автомобил зашто на автопат удрив кутро куче!