| четврток, 6 декември 2018 |

Опра не била во банка 29 години

Опра Винфри, популарната водителка и една од најбогатите жени во светот изјави дека по пауза од 29 години првпат отишла во банка. Опра ова го изјави на гостувањето во емисијата кај својата колешка Елен Деџенерис.

На прашање на Елен, кој е пинот на нејзината картичка, Опра се замислила и изјавила дека всушност сака да го заборави својот пин зашто воопшто не и треба. Потоа Опра открила дека неодамна, после 29 години, отишла  во банка за да уплати два милиони долари во банка.

– Само сакав да го направам тоа. Чекав во ред само за тоа – рекла Винфри, чие богатство се проценува на 3,1 милијарда долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top