Тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години физички нападанале 14-годишно момче во Тетово, но тој успеал да избега по што побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница.
Настанот се случил синоќа околу 23,30 часот, кога четиринаесетгодишно лице од Тетово, заедно со неговиот татко пријавиле физички напад, кој претходниот ден околу 21,30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово го извршиле тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години, соопшти МВР.
По кусата вербална расправија со него, тие почнале да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото, но истиот успеал да им избега, да се јави на татко му и да побара лекарска помош во тетовската клиничка болница.
Тројцата напаѓачи и во текот на вчерашниот ден повторно го сретнале и му се заканувале дека ќе го нападнат. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.