| четврток, 6 декември 2018 |

Се продаваат куќи по 1 евро на одлични локации, но постои еден услов

Како што се наведува, недвижнини можат да се купат и само за 1 евро,а медиумите пренесуваат дека во некои огласи, дури и се бесплатни.

Во страв да не бидат избришани од географската мапа, три гратчиња во Италија нудат недвижнини за 0 евра, пишуваат медиумите. Постои само еден услов: Купувачот мора да потпише договор со кој се обврзува дека недвижнината ќе ја реновира и ќе инвестира во неа најмалку 25 000 евра.

За едно евро можно е да купите куќа во гратчето Патрика во провинцијата Фросиноне, само час и половина возење од Рим.

Меѓутоа, зградите кои се во понудата се толку уништени, што моментално и не се пригодни за живеење.

Сепак, ако некој има вишок пари, треба да се напомене дека станува збор за стари, традиционални градби кои се наоѓаат на локација со преубав поглед на море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top