Во општините Дебар и Центар Жупа, денеска своето право на глас го остварија 42 болни и изнемоштени лица, колку што и биле запишани.
Според Али Реџа, секретар на ОИК на Дебар, во текот на денов гласале 38 болни и изнемоштени лица.
– Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени сите 27 избирачки места. Во единстениот избирачки список се запшани 18.406 лица, посочува Реџа.
Во општина Центар Жупа,потврдува Еран Зубер, претседател на ОИК, денеска гласаа четири болни и изнемоштени лица.
– Во единствениот избрачки список за општина Центар Жупа запишани се 6.810 лица, ќе се гласа на 16 избирачки места и сите подготовки се направени за непречено спроведување на изборите, изјави Зубер.
Граѓаните на општина Дебар нов градоначалник избираат меѓу шест, а во Центар Жупа меѓу двајца кандидати
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


