| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор: Ја убил бившата девојка и две нејзини другарки

Средношколка на возраст од 17 години е убиена, а две нејзини соученички се ранети откако во нив пред железничка станица во квартот Пендик во Истанбул со сачмарка стрелало поранешното момче на убиената, јавиа светските агенции.

Напаѓачот е 21-годишен маж, кој потоа се обидел да се самоубие сечејќи си ги вените на пожарните скали во училиштето каде учела убиената девојка. Училиштето е на отприлика еден километар од железничката станица, а напаѓачот избегал во него во обид да се скрие од полицијата. Сепак, тој е приведен.

Нападот се случил на азиската страна на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top