| четврток, 6 декември 2018 |

Комерцијална банка од денеска во нова зграда

Комерцијална банка од денеска ги стави во функција новите простории сместени на градскиот плоштад, каде што клиентите ќе можат да добиваат дел од банкарските услуги, јавува порталот „Економски лидер“.

Како што објави банката на Македонската берза, во новата административна зграда банката ќе врши купопродажба на девизи на девизен пазар, орочени денарски и девизни депозити на правни лица, купување хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти на примарен и секундарен пазар и вршење старателски услуги почнувајќи од 14 јуни 2013 година.

Комерцијална банка информира дека во новите простории од денеска ќе го реализира и платниот промет со странство за правни лица, дознаки, акредитиви и гаранции, а кредитирањето на правните лица, пак, на новата локација ќе почне од следната среда, односно од 18 јуни. Тргувањето со хартии од вредност ќе почне на 21 јуни овој месец.

За изградба на овој објект фирмата „Уни-М“ зела кредит од Комерцијална банка во износ од 12,3 милиони евра, но поради неплаќање на обврските за кредитот, банката во 2010 година ја активирала хипотеката и ја откупила зградата, со што овој објект стана сопственост на Комерцијална банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top