Вчера во 17.15 часот во Битола, лицето Д.Ц. (35) пријавило дека во периодот од 26 мај до 21 октомври годинава, од граѓански сеф во Комерцијална банка-филијала Битола непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.
Пријавителот, кој бил полномошник по овластување на корисникот на сефот М.Т.(53), кој живеел во Канада, откако, по пропишаната процедура, му било дозволено да има пристап до сефот, забележал дека ги нема ковертите. Пријавителот за тоа го информирал и директорот на банката.
Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен на 24 октомври од страна на ОКТУПА од ПС Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.