Додека траеше грандиозниот и како што велат граѓаните победнички митинг на ВМРО-ДПМНЕ, од владеачката СДСМ продолжија со својата негативна кампања. Очигледно е дека расте паниката кај членовите на владеачката партија, со оглед на поддршката која денеска ја доби ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните.
Додека траеше митингот на ВМРО-ДПМНЕ, активистите на владеачката партија се занимаваат со негативна кампања, со оштетување на промотивните материјали на опонентите. До редакцијата на Денешен пристигнаа материјали од искинати плакати на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Додека голем број од граѓаните на Ѓорче Петров беа на митингот пред Влада да му дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите за градоналачници, Коце Трајановски за Скопје и Владо Мисајловски во Ѓорче Петров, активистите на СДСМ се обидуваат на сите начини да дојдат до град повеќе.
Инаку, ова не е единствен случај на негативна кампања на СДСМ, тие во текот на оваа кампања оштетуваа плакати и пропаганден материјал на опоненетите, ги уништуваа ѕидовите низ општините и градовите, бројката 13 ја преправаат во 19. Граѓаните велат дека се ова се прави само во обид да се дојде до глас повеќе, граѓаните велат дека ова го разбираат како навреда на интелегенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија