Поранешниот дипломат и актуелен политички аналитичар Ристо Никовски, преку писмо до медиумите реагираше на хајката која деновиве се води преку медиумите блиски до СДСМ против него и неговиот син.
Тој објаснува дека неговиот син Александар, напуштил директорска позиција во компанија во Лондон, каде што заработувал 12 пати повеќе од овде како советник на екс премиерот Никола Груевски за привлекување на странски инвестиции. Во својата работа, вели никовски, Александар донел 83 странски инвестиции и преку 3200 нови вработувања.
Писмото од никовски ви го пренесуваме во целост:
„Во Очајнички обид нешто да постигне на локалните избори, иако води капитулантска политика и ги игнорира долгорочните стратегиски интереси на македонскиот народ, СДСМ не бира средства. Свесни дека моето влијание во јавноста како партиски не-определен е големо, прават се’ за да ги доведат луѓето во заблуда.
За таа цел, крајно бескрупулозно, го злоупотребуваат мојот син, Александар Никовски, кој неколку години многу успешно работеше на привлекување на странски инвестиции со функција – советник на премиерот.
Не спомнувајќи дека тој донел директни странски инвестиции од преку 83 милиони евра со кои ќе се отворат околу 3.200 работни места, Владата објавува колку пари тој потрошил, божем само за советување на премиерот. Недоречена вистина е најтешка лага. И воопшто не случајно, Александар цело време се претставува како “син на амбасадорот Ристо Никовски“. Често се објавува и моја слика. Јасна е целта на СДСМ – не му верувајте на амбасадорот тој одработува за синот! А Александар ја прифати функцијата во Владата без мое знаење, по средба во Лондон, и се откажа од 12 (дванаесет) пати повисоки примања бидејќи е консултант од светски калибар. Тој 20 години живееше во Лондон, каде и студираше, и работеше за врвни светски компании и како извршен директор за Европа.
Невиден примитивизам е чепкањето на ресторанските сметки со врвни светски бизнисмени, чии фирми не ретко прават промет блиску или дури и поголем од БДП на Македонија, за да се коментира дека се пиело вино од неколку илјади денари! Веројатно требало гостите да се понудат со шприцер од смедеревка?
Жално е ова што го прават и е срам за сите што размислуваат со своја глава.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.