| четврток, 6 декември 2018 |

Цените на производителите на индустриски производи во август повисоки за 2,7 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а за 2.7% на годишно ниво.

Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%. 

Во август годинава, во однос на август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top