Имено, млад германски пијанист го донел својот клавир на истанбулскиот плоштад „Таксим“ и токму таму, во центарот на демонстрациите, одржал неколкучасовен концерт, со кој успеал да ја промени атмосферата од напнатост во славење.
Така, дваесет и осумгодишниот Дејвид Мартело, заедно со турскиот музичар Јигит Узаталај, пред насобраните демонстранти одржал концерт со кој ја подобрил атмосферата меѓу преморените демонстранти.
Мартело е пијанист роден во Италија и моментално е на светска турнеја, но застанал во Истанбул за да им ја искаже својата поддршка на протестантите.
Својот клавир на „Таксим“ тој го донел само 24 часа по жестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите, а со помош на споменатиот музичар Узаталај тој неколку часови изведувал комбинации од класични и актуелни песни, а снимките од концертот денес веќе се вистински хит на интернет-сервисот „Јутуб“ и на сите социјални мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



