фотографии: Ѓоко Личовски
Врвни функционери, бизнисмени, дипломати, стотици граѓани, претставници на политички партии денеска присуствуваа на опелото за владиката Кирил, кое се одржа во Соборниот храм во Скопје. Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, како и митрополитот европски Пимен, митрополитот повардарски Агатангел и викарниот епископ лешочки Јосиф. Опелото почна во 11 часот.
На погребот дојде претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.
Од Тетово организирано со автобусот ги донесоа верниците од тетовската епархија, на која до завчера митрополит беше Кирил.
По литургијата во Скопје, владиката полошко-кумановски Кирил ќе биде погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце. Тоа била последната желба на митрополитот што Синодот на МПЦ-ОА ја прифати на последната седница.

Државните и црковните знамиња во сите цркви во Македонија и во дијаспората денеска се на половина копје, а токму денеска МПЦ прогласи Ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!






