Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување, рече на средбата со новинарите д-р Митко Тилевски, кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Со цел да се прифатат и да бидат вградени барањата за бесправно изградени објекти, континуирано се изработува ДУП за сите населени места, доколку, како дел од постапката, Министерството за транспорт и врски навремено ја издаде потребната согласност.
– Изградба на инфраструктура во Мауцкер
Комплетна инфраструктура во индустриска зона „Мауцкер“
– Решавање на состојбата со бездомни животни
Изградба на современ стационар и шинтер-служба согласно со сите стандарди. Локација – Мауцкер.
– Уредување на просторот кај Бејбунар
Почитувани,
Добрите инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија, обезбедуваат континуиран развој на општината во секој нејзин дел, вклучувајќи ги како градските така и руралните средини. Преку изградбата и реконструкција на водоводните и канализационите системи паралелно со уредувањето на зелени површини во Општината, директно придонесуваме за почиста, а со тоа и поздрава животна средина за сите нас.
– Изградба или доизградба на водоводни системи
Водоводна мрежа на улиците: „Јане Сандански“, „Абас Емин“, „БУдва“, „Вардар“, „Васил Стефоски“, „Христо Узунов“, н. Рача, Горно Лакочереј, Пештани, н. Лагадин и Куратица.
– Одржување и управување на сите локални водоводни мрежи од страна на МЈП „Проаква“.
Канализациони системи:
– Фекална канализација – рурални средини
Фекална канализација во Лескоец 4 фаза, Велгошти, населба Рача.
– Реконструкција и изградба на канализациониот систем – општина Охрид, Урбани Заедници
Фекална канализација на улиците „15 Корпус“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Железничка“, „Будва“, „Александар Турунџиев“, „Ристо Чадо“.
– Изградба на атмосферска канализација низ општина Охрид
Атмосферска канализација на улиците „Никола Карев“, „Будва“, „Абас Емин“, „Охридати“, „7 Ноември“, „Ристо Чадо“, рече Тилевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.