Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски, на вечерашната емисијата Алфаскоп на телевизија Алфа, ги промовираше најзначајните проектите од неговата програма за развој на градот Охрид. Еден од најзначајните проекти е туризам, туризам, туризам, истакна Тилевски.
– Тоа го кажав и на митингот во Охрид, ние сериозно ќе работиме на промоцијата на туризмот и развој на туристичките капацитети, кои значително ќе влијаат на развојот на севкупната економија на град Охрид, посочи Тилевски.
Второ е инфраструктурно да се подобри квалитетот на сообраќајниците во Охрид, да се подобри комуналната хигиена, да се подобрат пристапните патишта до Охрид, истакна Тилевски.
– Треба да се продолжи изградбата на автопатот Охрид-Кичево, рече Тилевски.
На прашањето на новинарот, дали Тилевски има план за зголемување на работните места и кои му се приоритетите, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тој како кандидат има свој тим, со кој ќе работи на донесување на нови индустриски капацитети во градот, со цел зголемување на вработеноста и дополнително развивање на туризмот.
– Ќе работиме на носење на нови брендови во хотелиерството во градот Охрид, со што ќе се развие квалитетот на туристичката понудата на градот Охрид, посочи Тилевски.
Ние како локална самоуправа, ке помогнеме да хотелиерите добијат атрактивни локации за градење и намалување на административно-бирократските бариери, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.