| четврток, 6 декември 2018 |

Анархисти влегоа во амбасадата на Шпанија во Атина: Фрлале летоци со натпис „Солидарноста е човековото оружје“!

Самопрогласени анархисти во Грција денеска упаднаа во Амбасадата на Шпанија во Атина и фрлаа летоци во корист на Каталонија.

– Околу 15 дфо 20 луѓе упаднаа во Амбасадата и фрлаа летоци. Ништо не уништија, изјави претставник на шпанската дипломатска мисија, додавајќи оти на летоците пишувало „солидарноста е човеково оружје“.

Грчката полиција соопшти дека уапсила 19 лица поради инцидентот. Групата е позната како Рувиконас, која се залага за независност на Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска треба да се обрати пред Парламентот и ќе ја соопшти конечната одлука на Владата по повод синоќешното обраќање на каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон пред каталонскиот Парламент.

Пуџдемон синоќа побра пролонгиорање на прогласувањето на независност и побара дијалог со шпанската Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top