Во рамките на „Недела на италијанскиот јазик“, која во Македонија ја организира Италијанската амбасада од 16 до 19 октомври премиерно ќе се прикаже документарниот филм „Трст, Југославија“ од италијанскиот режисер Алесио Бозер. Проекцијата е закажана за 16 октомври (понделник) во 19 часот во киното „Милениум“. Филмот потсетува на некои дамнешни времиња кога се тргуваше во Трст, кога со воз се одеше по фармерки, кафе, маички…Ја буди носталгијата кај постарата генерација за Плоштадот Понтеросо, Трст…. Во филмот се појавуваат познати ликови, како Раде Шербеџија, Горан Бреговиќ, Славенка Дракулиќ, Денис Куљиш, Иво Банац…но интересно е што режисерот вели дека единствени кои одбиле да се појават пред камерата се тогашните трговци со фармерки.
Режисерот Алесио Бозер е роден во Трст и зад себе има три документарци, а овој четвртиот е негова прва меѓународна копродукција. Со него разговаравме пред македонската премиера на филмот.
Вашиот филм „Трст, Југославија“ ќе се прикажува во Македонија. Кажете ни за каква тематика станува збор?
-Од половината на педесеттите години, Плоштадот Понтеросо во центарот на Трст за сите жители на тогашна Југославија стана омилена дестинација за шопинг. Во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години предметот што го симболизира овој мит се сините фармерки. Во текот на тие години, милиони Југословени доаѓале во Трст барем два-три пати годишно. Секоја сабота, југословенскиот трговски туризам го освојувал градот, продавниците и плоштадите и купувале стоки кои тогаш не можеле да се најдат. Највпечатлив предмет била „каубојката“, односно сините фрамерки. Во 1978 година, која била чудесна година за продажба на фармерки, граничните по9лициски службеници регистрирале 2.258.043 гранични преминувања со лесе-пасе (заб. На прев. Laisser-passer) или т.н. граничен документ за преминување и 6.123.046 со пасош. Осум милиони фармерки се продавале годишно и противзаконски се филтрирале пред очите на цариниците преку железната оргада, станувајќи со тоа најславен пример на „дозволен“ шверц и криумчарење во Европа. Се проценува дека приближно приходот на тезгите на Плоштадот Понтеросо бил околу 200 милијарди лири годишно, но со оглед на тоа што голем дел од стоката се продавала „ на црно“ може да се претпостави и дека добивката била 500 милијарди. Тие бројки се вџашувачки ако се спореди дека од сите пристанишни активности имало приход од 150-200 милијарди. Со војната во Југославија во деведесеттите години се запира. Филмот е мозаик на приказни и сведоштва и од двете страни на границата кој ги оживува спомените од тие години.
Каде се прикажуваше досега филмот? Во кои градови од поранешна Југославија и какви се реакциите?
-Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Трст на 21 јануари годинава, а потоа се прикажуваше на Фестивалот на документарен филм во Љубљана, на Белградскиот фестивал во март, во Изола, во кино Оток, на Меѓународниот фестивал во Инсбрук, во Црна Гора на фестивалот Underhill и на Фестивалот Либурнија во Опатија.
Најголем контакт со публиката се оствари во Трст. По премиерата на Филмскиот фестивал во Трст и двете вечери за проекција беа распродадени (2.000 карти!!!), а филмот и натаму се прикажува во кино салата во Трст која и понатаму е полна. На крајот на проекцијата многу жители на Трст сакаа да раскажат по некоја анегдота, спомен или сведоштво. Публиката во Трст е прилично активна.
За разлика од нив, публиката по проекциите во поранешна Југославија (Љубљана, Белград, Излоа, Опатија, Подгорица…) повеќе беше „срамежлива“. Можеби поради тоа што јас сум Италијан, или пак поради тоа што им е потешко со мене да ги споделуваат своите спомени од нивна гледна точка. Но, кога имав можност, најчесто после филмот, на вечера да разговарам со некој од нив, тогаш многумина имаа желба да се сеќаваат, да раскажуваат, и можам да кажам дека митот за Трст е сеуште многу жив. Со приказните што ги слушнав минатата година би можел да снимам уште еден филм!!!
Во српските медиуми, Трст е наречен град кој Југославија го обожуваше. Вие по потекло сте од Трст. Каков е Вашиот впечаток за тоа време и масовните посети на Трст?
-Да бидам искрен, немам спомени од тоа време и од тие настани. Мислам дека тоа се должи на фактот што моите родители, како впрочем и многу жители на Трст, во саботите заминуваа далеку од центарот и од Понтеросо. Она што е тешко да се замисли е тоа што градот целосно се менуваше само 2 дена во седмицата и потоа веднаш се враќаше во „нормалноста“. За време на седмицата не се гледаше ништо од она за што говорам во мојот документарец. Можам да се обидам кој впечаток го добив гледајќи ги сите архивски снимки што ги најдов. Изгледа неверојатно тоа што тие слики се снимиле пред 30 или 40 години, а сега, ако се погледнат, се чини како да се од друг свет. Веднаш на ум ви доаѓа помислата на „весел хаос“.
Се сеќавате ли на некоја интересна случка од тоа време?
–Немам директни спомени, па ниту моето семејство. Сите анегдоти што ги знам се оние што ги снимив во филмот. Сигурно еден од најзабавните аспекти е како луѓето ги криеле фармерките. Имало два начина: жените носеле големи, широки здолништа. Пред да заминат назад во Југославија со селотејп ги лепеле фармерките за здолништата, дури и по 10 чифта и така изгледале многу дебели!!! Потоа се практикувало да носат фармерки еден врз друг пар од помал до најголем број. Еден цариник ми кажа дека на возот за враќање назад имало жена што носела 9 пара фармерки на себе…
Во филмот говорат раде Шербеџија, Горан Бреговиќ…кој уште е дел од ова Ваше остварување?
-За мене беше најважно да имам колку што е можно поголем број на личности во филмот. Ми беа потребни директни сведоштва, но исто така снимав и научници и интелектуалци кои ми дадоа анализа на тие настани. Ми беа потребни гранични полицајци, како од италијанската, така и од другата страна на границата, секако беа потребни и трговците и продвачите, политичарите и новинарите и сведоци од поранешна Југославија. И бездруго ми беа потребни „VIP“ личности, најславните и познати личности, но исто така и обични луѓе. Потрагата траеше долго и ми помогнаа луѓе кои имаа контакти во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Направивме многу интервјуа. Во документарецот, кој трае еден час, се појавуваат околу четириесет луѓе. Некои од нив зборуваат само неколку секунди, а други малку подолго. Тоа е еден вид мозаик составен од протагонисти, актери, интелектуалци, филозофи, антрополози, историчари, музичари, но и обични сведоци на тоа време кои ги раскажуваат своите искуства, своите патувања со автобус, воз, автомобил за да дојдат до Трст. За жал, оние кои недостасуваат во филмот се токму славните „фармеркаџии“ кои се збогатија со фармерките. Тие уште живеат во Трст, и дури се и познати, но сите одбија да бидат дел од мојот филм. Човек може да го протолкува ова одбивање на разни начини…
Како дојдовте на идеја да го снимате филмот? Што Ве натера?
-Документарецот настана во 2014 година на барање на Венди Д’Ерколе, која одамна имаше желба да направи краткометражен филм поврзан со тој период. Сакаше да го создаде најмногу поради својата лична носталгија, бидејќи е ќерка на еден од трговците од Трст. Ја прифатив таа прилика, развивајќи го проектот и оттаму дојдовме до една првична верзија на видеото од 20 минути во кое се концентриравме само на Трст. Тогаш почнавме да зборуваме како да се продолжи со проектот. Стапив во контакт со некои мои колеги од Словенија и Хрватска и кај нив забележав голем интерес за оваа тема. Дури тогаш ми стана јасно колкава важност имал Трст во тие години за сите земји од поранешна Југолсавија и дека документарецот може да прерасне во нешто многу поголемо и покомплексно. Продукцијата стана конкретна и успеавме во последната година да снимаме во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Се роди документарец од 60 минути поврзан со тие настани.
Велат дека Трст од некогашна шопинг мека се претворил во досаден град. Дали навистина е така?
–Трст денес е град во потрага по својот идентитет. Економскиот раст на земјите од Источна Европа го доведе градот повеќе во стратешка позиција за разлика од пред неколку години, и тоа е позитивно. На пример, во аудиовизуалениот домен многу реалности од соседните земји растат и се раѓаат многу можности за копродукција.
Од друга страна, пак, Трст на некој начин е град кој стои во место и ја трпи кризата на останатиот дел на Италија. Постојат многу можности за раст најмногу поврзани со пристаништето и туризмот, но за жал локалните политичари во овој момент не можат да се носат со промени.
Понтеросо денес е чист и напуштен плоштад и сигурно нема да стане она што бил во седумдесеттите години. Не е повеќе дестинација на туристите што доаѓаат во Трст, иако не знам дали туристите од Хрватска доаѓаат во Трст за да се присетат на местата од нивното минато…
Се разбира, носталгијата е присутна како елемент во филмот. Речиси сите сведоштва на учесниците во филмот кои потекнуваат од државите на поранешна Југославија се носталгични, затоа што сите си спомнуваат за еден на некој начин среќен момент од нивниот живот. Дури и стравот од граничните проверки декес во своите сведоштва го прикажуваат и го пренесуваат со носталгија.
Па дури и жителите на Трст се носталгични за тој период. Иако во тоа време имало многу кои се жалеле за валканоста на градот која останувала по туристичките инвазии, а тие претпочитале почист и цивилизиран град, денес, многумина од нив стануваат свесни дека тие времиња биле полни со живот и со енергија, зошто денес градот се чини се повеќе е заспан…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура