Во дворот на Средно економско училиште во Гостивар, на 9 октомври околу 13.10 часот дошло до меѓусебна тепачка помеѓу две групи ученици од гимназијата
Во дворот на Средно економско училиште во Гостивар, на 9 октомври околу 13.10 часот дошло до меѓусебна тепачка помеѓу две групи ученици од гимназијата, економското, индустриското и медицинското училиште, како и други засега непознати лица кои не се ученици.
При тепачката биле користени тврди и остри предмети со кои им биле нанесени повреди на 17- годишно лице, кој се здобил со убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош и уште едно 16-годишно лице кој се здобил со убодна рана во горниот дел на грбот. Двајцата се од село Врапчиште-Гостивар и тие се пренесени во Ургентен Центар-Скопје, соопшти МВР.
Подоцна е добиено известување дека е повреден и С.А.(18) од село Врапчиште, кој се здобил со расекотина на лево рамо, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Гостивар е пуштен на домашно лекување. Како сторител е посочено лице од село Чегране, кој е во бегство и се трага по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.