| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Заев со рецесијата ја загрозува и вредноста на денарот – трошоците растат, платите паѓаат

Животните трошоци растат, просечната плата паѓа, економијата е практично во рецесија. Македонија со најлоши статистички показатели на Балканот. Со рецесијата во која Заев и Владата ја втурнаа државата загрозен е и денарот.

Растат трошоците на живот. Се зголемиле за 1.7% во септември во однос на истиот месец лани. Најновите податоци на Државата статистика покажуваат дека најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, за 6.7%, транспортот за 6.3% и комуникациите од 9.5%.

Од друга страна статистичарите измерија пад на просечната плата. Иако има благ раст на годишно ниво, таа во јули во однос на јуни била помала за 0.6%.

Сето ова е резултат на запирањето на вкупните економски активности во Македонија. Во првиот квартал имаше стагнација односно раст од 0%, а во вториот пад од 1.8%.

Додека сите соседи бележат економски раст, Македонија е практично во рецесија. Според економската теорија, една држава се смета дека влегла во рецесија, кога нејзината економија два квартала последователно бележи негативна стапка на раст.

Со ова земјава е на последно место во регионот според сите показатели. Според tradingeconomics.com, реномираната интернет страница чии податоци се базираат на официјални извори од статистичките заводи на 196 земји, и која вклучува повеќе од 20 милиони економски индикатори, Македонија е единствената земја во регионот, и воопшто во Европа, која бележи пад на БДП во второто тримесечје од годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top