„Pepepepepe“ и “Quaquauquaquaqua“ играа меѓусебе во пријателски меч, барем според италијанската државна телевизија РАИ (RAI), која направи голем гаф со погрешна графика за време на дуелот Италија – Хаити.
Смешниот телоп се појави по најбрзиот гол во историјата на „аѕурите“, што го постигна Емануеле Џакерини во 19. секунда. Веројатно тоа ги збуни техничарите во РАИ, па долго време на екраните гледачите следеа натпревар меѓу „Pepepepepe” и „Quaquauquaquaqua“.
Од телевизијата подоцна се извинија за, како што самите ја нарекоа, срамната грешка во преносот, а не се знае кој повеќе се посрамоти, државната телевизија на Италија или државната репрезентација. Италијаните беа апсолутни фаворити против фудбалерите од најсиромашната земја на западната хемисфера, но не успеаја да победат. „Аѕурите“ водеа со 2-0 и примија 2 гола во последните 5 минути за нерешени, 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



